Дивиденда за акционерите на НЛБ Банка

113

Собранието на НЛБ Банка донесе одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка на НЛБ Банка за 2018 година.

Според одлуката, добивката во износ од 2.120.369.118 денари се распоредува на: 1.484.358.018 денари за исплата на дивиденда, 180.000.000 денари за задржана добивка за инвестициски вложувања и 456.011.100 денари за општ резервен фонд.

Банката, исто така, донесе одлука за распределба на дивиденда и утврдување дивиденден календар за 2018 година.

На акционерите им се исплатува дивиденда за 2018 година во бруто износ од 1.484.358.018 денари. Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 1.738 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда за минатата година е 11-ти јуни оваа година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година е 12.06.2019 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда за 2018 година е 13.06.2019 година.

Исплатата на дивиденда ќе почне, како што се наведува, 30-от ден од одржување на Собранието на НЛБ Банка.