Дивиденда за акционерите на Оилко КДА

78

Фото: Pixabay

Компанијата Оилко КДА донесе одлука за распоредување на добивката по годишна сметка на компанијата за 2018 година.

Тековната добивка за 2018 година, според одлуката, во износ од 52.006.111 денари и акумулираната добивка од претходни години во износ од 54.542.271 денари, односно добивка во вкупен износ од 106.548.382 денари се распоредува на: дел за задолжителна општа резерва – 2.600.306 денари, дел за исплата на дивиденда – 32.351.150 денари, дел за посебни резерви за стекнување сопствени акции со откуп – 60.000.000 денари и дел за пренос на добивката во наредната година – 11.596.926 денари.

Оилко КДА донесе одлука за плаќање на дивиденда по годишна сметка за 2018 година.

На акционерите, како што стои во одлуката, им се одобрува плаќање на дивиденда во бруто износ во висина од 32.351.150 денари, односно бруто цена од 130 денари по акција.

За датум на пресек на акционерската книга според која се определува листа на акционери кои имаат прави на исплата на дивиденда се утврдува 11.06.2019 година.

За последен ден на тргување со право на дивиденда се утврдува 07.06.2019 година, додека за прв ден на тргување без право на дивиденда се утврдува 10.06.2019 година.

Исплатата ќе се изврши до 30.09.2019 година.