Дивиденда за акционерите на Оилко

21

oilko

Собранието на акционери на Оилко КДА донесе одлука за плаќање на дивиденда по годишна сметка за 2016 година.

Акционерите на Оилко ќе добијат дивиденда во висина од 22.583.070 денари бруто, односно 90 денари бруто за една акција.

Датум на пресек на акционерската книга според којашто се определува листата на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда се утврдува 12-ти јули. За прв ден на тргување без право на дивиденда се утврдува 10-ти јули.

Исплата на дивидендата ќе се изврши до 30-ти септември оваа година.

Компанијата донесе одлука за распоредување на добивката остварена во 2016 година. Тековната добивка за 2016 година во вкупен износ од 70.687.568 денари се распоредува на: дел за задолжителна општа резерва во износ од 3.534.378 денари; дел за исплата на дивиденда од 22.583.070 денари; дел за посебни резерви за стекнување сопствени акции со откуп од 15.000.000 денари и 29.570.120 денари како нераспределена добивка.