Дивиденда за акционерите на Раде Кончар апаратна техника

36

Собранието на акционери на Раде Кончар апаратна техника донесе одлука за распределба на резерви над законски утврдениот износ како дивиденда на акционерите.

“Од општите резерви во износ од 8.655.189 денари се пренесува дел во законски задолжителни резерви и тоа во износ од 4.221.244 денари, а останатиот дел од општите резерви во износ од 4.433.945 денари ќе се користи за исплата на дивиденда на акционерите во 2017 година“, стои во одлуката.

Собранието на Раде Кончар апаратна техника, исто така, донесе и одлука за износот на дивиденда за една акција и утврдување на дивиденден календар.

Вкупниот бруто износ на дивиденда по акција, според оваа одлука, изнесува 400 денари.

Датум на пресек на акционерската книга, како датум на евиденција според којашто се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 06.12.2018 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 04.12.2018 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 05.12.2018 година.

Исплатата на дивиденда на акционерите кои имаат право на дивиденда, ќе отпочне од датумот на пресек, односно од 06.12.2018 година.