Дивиденда за акционерите на Раде Кончар апаратна техника

24

Фото: Pixabay

Компанијата Раде Кончар апаратна техника донесе предлог одлука за распределба на добивката по годишна сметка за 2018 година.

Од нето добивката во износ од 22.420.293 денари, како што се наведува во предлог одлуката, за статутарни издвојувања се одвојуваат 2.365.492 и 332.517 денари, за распределба на дивиденда отпаѓаат 19.591.850 денари и како акумулирана добивка останува 130.434 денари.

Исто така, донесена е и предлог одлука за утврдување на износот на дивиденда за една акција и утврдување на дивиденден календар.

Согласно тоа, една акција во бруто износ ќе биде 95 денари. Датум на пресек на акционерска книга, како датум на евиденција според која се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 31.05.2019 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 29.05.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 30.05.2019 година.

Исплатата на дивиденда, како што се наведува, ќе се врши во законскиот рок од 30-ти септември оваа година.