Дивиденда за акционерите на Раде Кончар – Апаратна техника

214

Компанијата Раде Кончар – Апаратна техника донесе предлог одлука за утврдување на износот на дивиденда за една акција и утврдување на дивиденден календар.

“Согласно одлуката за распределба на добивката по годишна сметка за деловната 2020 година, се утврдува износот на дивиденда за една акција да изнесува во бруто износ од 120 денари по акција“, стои во предлог одлуката што пред Собранието на акционери ќе се најде на 16-ти јуни оваа година.

Датум на пресек на акционерската книга, како датум на евиденција според која се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е први јули. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 29-ти јуни. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 30-ти јуни.

Исплатата на дивиденда ќе се врши во законски предвидениот рок до 30-ти септември.

Фото: Freepik