Дивиденда за акционерите на Раде Кончар – Апаратна техника

22

rade-koncar-aparatna-tehnika

Компанијата за проектирање и производство на електрични производи и опрема, Раде Кончар – Апаратна техника донесе одлука за распределба на акумулираната добивка до 2008 година и дел од акумулираната добивка од 2009 до 2013 година.

“Акумулираната добивка на друштвото до 2008 година во износ од 754.064 денари, како и дел од акумулираната добивка остварена од 2009 до 2013 година во износ од 2.349.229 денари, што вкупно изнесува 3.103.293 денари се распределува како дивиденда на акционерите“, се вели во одлуката.

Компанијата донесе и одлука за распределба на добивката остварена во 2014 година.

Според истата, од нето добивката во износ од 1.311.692 денари, 5% или 65.585 денари се одвојуваат како задолжителни резерви, 5% или 224.800 денари се за статутарни издвојувања, додека од добивката за распределба на дивидендата се одвојуваат 1.021.307 денари.

Раде Кончар Апаратна техника донесе одлука за износот на дивиденда за една акција и утврдување на дивиденден календар, според која бруто износот по акција е 20 денари.

Датум на пресек на акционерската книга, како датум на евиденција според која се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 23.06.2015 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 18.06.2015 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 19.06.2015 година.