Дивиденда за акционерите на Рудници Бањани

60

Дел од добивката на Рудници Бањани, во износ од 3.013.150 денари, ќе биде наменета за исплата на дивиденда, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

“Се утврдува исплата на дивиденда во висина од 45 денари по акција нето, односно бруто дивиденда 50 денари по акција, од добивката од 2019 година во износ од 3.013.150 денари. Остатокот од добивката од 2019 година останува нераспределен“, стои во предлог одлуката.

Според дивидендниот календар, датум на одржување на собранието ќе биде 21-ви април, датум на пресек на акционерската книга е шести мај, додека датум на стекнување на право на дивиденда е четврти мај оваа година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е петти мај.

Фото: Pexels