Дивиденда за акционерите на Усје

227

Фото: Pixabay

Цементарница Усје донесе предлог одлука за распределба на добивката остварена по годишна сметка и финансиски извештаи за 2018 година.

“Цементарница Усје оствари добивка за 2018 година во износ од 1.048.549.935 денари. Добивката остварена за 2018 година да се распредели за: дивиденда на акционери во износ од 808.550.009 денари и реинвестирана добивка во износ од 239.999.926 денари“, стои во предлог одлуката.

Неискористената реинвестирана добивка од 2017 година во износ од 44.455.183 денари да се распредели за дивиденда за акционерите.

Вкупниот износ за распределба на дивиденда на акционерите изнесува 853.005.192 денари односно 1.513 денари за една акција.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 10.06.2019 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 11.06.2019 година.

Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда е 12.06.2019 година.

Исплатата на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 30.09.2019 година.