Дивиденда за имателите на приоритетни акции на Стопанска банка

218

Стопанска банка ќе изврши исплата на дивиденда на приоритетни акции за 2019 година во вкупен износ од 1.592.108 денари или бруто износ од седум денари по акција, стои во предлог одлуката за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на приоритетни акции на Стопанска банка за 2019 година.

Основицата за пресметка на дивидендата, според предлог одлуката, изнесува 90.977.600 денари (227.444 приоритетни акции по номинална вредност од 400 денари по акција).

Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на акционерската книга е 15.07.2020 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 13-ти јули, додека прв дена тргување без право на дивиденда е 14-ти јули.

Стопанска банка во 2019 година оствари нето добивка од 2.371.128.570 денари, којашто, според предлог одлуката за распоредување на добивката за 2019 година, е распоредува на следниот начин: задржана добивка за инвестиции, ограничена за распределба на акционери во износ од 788.336.310 денари и задржана добивка за инвестиции во износ од 1.582.792.260 денари.

“Добивката што се распоредува во задржана добивка за инвестиции ќе се употреби за развојни цели и инвестиции во материјални и нематеријални средства за проширување на основната дејност“, стои во предлог одлуката.

Фото: Freepik