Дивите градби ќе се легализираат до јуни 2014

22

divogradbiЕлаборатите за легализација на бесправна градба мора да бидат поднесени најдоцна до 18 јуни 2014 година.

Граѓаните што ќе го испуштат овој рок, ќе го загубат правото на легализација, информираат од Министерството за транспорт и врски, потенцирајќи дека засега не размислуваат за продолжување на рокот.

Според податоците на министерството вкупно 200.000 граѓани и компании се уште немаат поднесено елаборат. Надлежните апелираат до засегнатите да реагираат побрзо, за геодетските фирми да може навреме да ги изработат елаборатите.

Објектот кој нема да се легализира може да биде урнат.

Социјалните случаи ќе плаќаат по 1.000 денари за елаборат, 50% помалку, а за нив цената на легализација за објекти од 51 до 150 квадратни метри се намалува од 41 на 20 денари за квадратен метар.

Податоците од Kомората на трговски друштва за геодетски работи покажуваат дека вкупниот број доставени барања за изработка на елаборат е 128.630, меѓу кои има 10.000 изготвени, кои не се подигнати од страна на граѓаните.