Дизајн центарот Јавна соба најавува прва голема распродажба на дизајн производи со 100% македонски предзнак којашто ќе се реализира на деветти и 10-ти јануари од 10 до 21часот.
“За прв пат мебел, облека, накит, аксесоари и други производи од младите македонски брендови се продаваат по мошне поволни цени. Рамо до рамо со големите светски брендови кои сме навикнати да ги гледаме и конзумираме во трговските центри, македонските дизајнери се пуштаат во нов економски подем и тоа на домашниот пазар. Младите дизајнери одобруваат голем колективен попуст на своите редовни цени со што се очекува да го привлечат вниманието на домашните купувачи, особено оние кои се свесни за значењето на македонските производи и оние купувачи кои се презаситени од светските комерцијални брендови. А и време е да почнеме да го цениме повеќе домашниот производ, бидејќи е за Наше општо добро“, стои во соопштението.
“Ова е голем подвиг за целиот македонски дизајн сектор! За прв пат во една организирана структура истапуваме на домашниот пазар, доделуваме огромни попусти, сé со цел го доближиме македонскиот асортиман до македонските купувачи. За прв пат се одобрува голем колективен попуст на целиот асортиман. Ова е одличен модел на здружување и знак дека активните дизајн брендови можат истиот рецепт да го применат и на странските пазари”, вели Тамара Георгиевска од компанијата We and Nature.
Концептуалната продавница во склоп на дизајн центарот Јавна соба од ноември 2015-та година ги застапува македонските дизајн брендови и ги промовира активно во земјата и надвор. Во склоп на Дизајн базарот се организирани и работилници за деца, музички настапи како и м изненадувања за публиката. Влезот е слободен.