Дизелот поевтинува, бензините по стара цена

63

Дизелот од полноќ поскапува за пловина денар, додека бензините останува да се точат по истата цена утврдена на 22-ри овој месец, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 52 денари за литар. Бензините Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98 ќе се подаваат по 61, односно 63 денари за литар.

Не се менува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), што и оваа недела ќе се точи по 41,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 31,268 ден/кг.

Фото: Freepik