Дизелот поевтинува за половина денар, цената на бензините останува иста

11

fuel-1596622_960_720

Фото: Pixabay

Според соопштението на Регулаторната комисија за енергетика цените на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари по литар, додека цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти.

Новата цена на Еуродизеот во следните две недели ќе биде 57,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 46 денари.

Според одлуката пониска цена ќе биде и мазутот, односно 27,636 денари за килограм.