Дизелот поскапува за пола денар, бензините по стара цена

25

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ поскапуваат за половина денар, додека бензините и оваа недела ќе се продаваат по стара цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 61,50 денари за еден литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 50,50 денари.

Бензинот Еуросупер БС – 95 и оваа недела ќе се точи за 68,50 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 до понеделник на полноќ ќе чини 70,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,229 ден/кг и неговата нова цена ќе биде 33,186 ден/кг.

Фото: Pixabay