Дизниленд во САД стана центар за вакцинација против Ковид-19

41

Дизниленд во калифорнискиот округ Оринџ е затворен за посетители од март минатата година поради пандемијата, а сега ќе стане прво место за масовна вакцинација против Ковид-19, најавуваат владини претставници.

Паркот Дизниленд, кој е најголем работодавач во округот Оринџ, ги понуди своите капацитети да стане прв центар за масовно тестирање, преземајќи одговорност во процесот на дистрибуција на вакцините.

Се очекува масовната вакцинација во забавниот парк да почне на крајот на неделата.

Фото: Facebook