DM е најпосакуван работодавач во Хрватска

81

dmDM – drogerie markt, по четврти пат е изгласан за најдобар работодавач во Хрватска. Осмото по ред истражување на порталот mojposao.hr покажа кои се најпосакуваните работодавачи и причините за нивната атрактивност. Во истражувањето спроведено во текот на декември 2012 година учествувале преку 1.700 испитаници, а резултатите се засноваат исклучиво на перцепцијата на анкетираните, без претходно понудени одговори за избор.

По DM, на второ место се наоѓа нафтената компанија Ина, а на трето место, со огромен скок за разлика од минатата година кога беше десетта, се наоѓа фармацевтската компанија Плива.

Компаниите Кончар и Google се на листата најпосакувани компании за работа кај мажите, што ги нема на листата кај жените, додека во потесен избор кај жените се Muller, Загрепска банка и Лидл.

Истражувањето покажа дека висината на платата не е пресудна при изборот на фирмата. Најважно на испитаниците им била сигурноста на работното место (Хрватско електростопанство), потоа можноста за напредок по струка (Атлантик група), следува социјалната одговорност на работодавачот, додека хиерархиското напредување е последно по важност.