DM инсталираше соларна електрана на покривот на дистрибутивниот центар во Загреб

66

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Соларната електрана на покривот на управно – дистрибутивниот центар на DM во Загреб е пуштена во употреба минатата недела. Електричната енергија потребна за секојдневната работа на центарот наскоро во целост ќе се произведува од обновливи извори на енергија.

Годишното производство на соларната електрана ќе ги задоволува потребите како за 15 домаќинства, а од друга страна значително ќе се намали загадувањето на атмосферата.

“DM ги поттикнува купувачите и вработените да се грижат за околината и секогаш настојуваме позитивно да влијаеме на заедницата каде што работиме. Изградбата на електраната значи доближување до идеајата за оддржлив развој. Со соларната електрана обезбедивме производство на енергија во следните 25 години, а ќе го намалиме испуштањето на јаглерод диоксид за дури 350 тони годишно“, рече Мирко Мракужиќ, директор на DM.

Во изградбата на соларната електрана, за која беа потребни 1.360 соларни панели, вложени се околу 515.000 евра.

Во текот на летниот период, соларната електрана во просек ќе произведува од два до 2,5 MWh. Инсталираната моќност на соларната електрана ќе ги надмине потребите на DM за струја, што значи дека вишокот ќе го продава на пазарот на електрична енергија.

Освен вложување во електрична енегија, DM ги мотивира своите соработници, купувачи и вработени да ја заштитуваат околината. Вработените во управниот центар на DM во Загреб ќе се грижат за животната средина така што ќе го селектираат отпадот.