DM најпосакуван работодавец во Хрватска

21

dmКомпанијата DM drogerie-markt петта година по ред е избрана за најпосакувана компанија за работа во Хрватска, според истражувањето што го спроведе порталот МојПосао. На второ и трето место се компанијата Müller и трговскиот ланец Lidl.

На листата најпожелни работодавци понатаму се наоѓаат Хрватски Телеком, Ина, Агрокор, Плива, Хрватско електростопанство, Google, Ikea, Атлантик група, VIPnet, Загрепска банка, Ericsson Nikola Tesla, Microsoft, Привредна банка Загреб, Кончар, Coca Cola, Ерсте банка и Kaufland.

Петта година по ред на прво место е DM, која годинава има повеќе поени за разлика од резултатите од претходните истражувања. Анкетираните оваа компанија ја избрале за најдобра поради хармоничните односи на работното место, висината на платата и сигурноста на работното место.

Истражувањето покажало дека за избор на компанија за работа не е пресудна висината на платата, туку сигурноста на работното место.

Интересно е и тоа што и покрај кризата, 64% од испитаниците се изјасниле дека често размислуваат за промена на работодавачот, додека само 9% не размислуваат за промена на фирмата.