
Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев верува дека цените на нафтата ќе надминат 150 долари за барел во наредните недели поради прекини во снабдувањето поврзани со конфликтот на Блискиот Исток.
„Минатиот јуни предвидовме зголемување на цените на нафтата на 100 долари и повеќе. Сега сме на пат цените да се зголемат на 150 долари и повеќе во следните две до три недели, бидејќи прекините во снабдувањето со нафта поради конфликтот на Блискиот Исток влијаат не само на логистиката, туку и на самото производство“, рече Дмитриев во објава на социјалната мрежа X, пренесува ТАСС.
Суровата нафта Брент денес достигна речиси 106 долари за барел, што е пораст од повеќе од 40 проценти од почетокот на војната во Иран.











