Дневни аваз: БиХ плаќа пенали за неискористени кредити

22

evraКредитите што институциите од БиХ ги зеле од меѓународните финансиски организации, а кои не се искористени, на 30 септември годинава достигнале износ од дури 1,87 милијарди конвертибилни марки (958,8 милиони евра), пишува Дневни аваз. Поради тоа, само за девет месеци оваа година се платени вкупно 661.214 евра пенали, надомест што се плаќа на неискористен дел од кредитни средства.

“Овој надоместок е дефиниран со генерални услови на работење на некои кредитори како што се Меѓународниот монетарен фонд, Европска банка за обнова и развој, Германска развојна банка… и обично е одреден како фиксен процент што се пресметува на неискористен износ”, објаснуваат од Министерството за финансии и трезор на БиХ за Аваз.

Од министерството додаваат дека заемопримачот овој надоместок го плаќа како компензација за држење на средства на отворена кредитна линија.

Најмногу неискористени кредити, во износ од 385 милиони евра, институциите на БиХ имаат во Европската инвестициска банка.