До 15 март поднесување годишна даночна пријава, досега поднесени над 104.000

24

ujp logo

На две седмици пред истекот на крајниот рок (15 март 2015), 104.773 граѓани веќе ја исполнија обврската за поднесување на Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи (УЈП), од кои 467 ја искористиле можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси.

Бидејќи во наредниот период се очекува уште околу 100.000 граѓани да ги поднесат своите даночни пријави, од УЈП апелираат да не се чекаат последните денови пред истекот на крајниот рок со цел избегнување на метежи во даночните канцеларии.

Задолжително е поднесување на Годишна данона пријава, за лица кои во 2014 година: издавале под закуп (кирија) или подзакуп: станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендица, опрема, превозни средства или друг вид на имот; склучиле авторски договор, односно оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост; им бил исплатен регрес за годишен одмор (К 15); им била исплатена дивиденда или камати по основ на заем кој го дале на физичко или правно лице; оствариле капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; оствариле добивка од општите игри на среќа (од лото, бинго, квизови, наградна игра и сл.) во износ поголем од 5.000 денари; оствариле приход од откуп на цврст отпад; имаат лични примања од странство; работно се ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација во Македонија, односно имаат лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во Македонија или пак остваруваат лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет; и оствариле и “други приходи”.