До 15-ти март регистрирање на новите земјоделци

25

seno-zemjodelie-pixabay

Фото: Pixabay

До 15 март годинава земјоделците и новите земјоделски фирми ќе мора да се запишат во Регистарот за земјоделски стопанства ако сакаат да добијат субвенции, јавува Миа.

Ваква обврска имаат и оние што направиле промени во сопственичката структура.

“Привршува рокот за запишувањето на новите земјоделци во Регистарот на земјоделските стопанства. Крајниот термин е 15 март. Запишувањето е еден од условите за добивање субвенции, но мора да се евидентираат и промените во сопственичката структура“, велат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Пријавувањето се врши во подрачните единици на Министерството каде што живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата.