До 2024 година, дури 75 отсто од брендовите ќе понудат некоја форма на претплата

Во јули 2022 година, BMW објави претплата од 18 долари за загреани седишта за пазари како Обединетото Кралство, Германија и Нов Зеланд. Ова не е изолиран случај, туку целосна промена на парадигмата за потрошувачката економија.

Претплатите веќе не се резервирани само за филмови, серии и книги – денес тие навлегоа во осигурителната, автомобилската, текстилната, па дури и прехранбената индустрија, пишува Јутарњи лист.

Според TechCrunch, пазарот на претплати се удвојува во приходите од година во година, а според Гартнер, до крајот на 2023 година, дури три четвртини од сите потрошувачки брендови ќе понудат некаква услуга или производ базиран на модел на претплата.

Се проценува дека просечниот потрошувач во ЕУ месечно троши околу 150 евра за претплати, а целата економија на претплати во Унијата во следните неколку години ќе достигне вредност од 350 милијарди евра.