До 2026 година Кина ќе има двојно повеќе милионери

52

Бројот на милионери во Кина се очекува да се удвои до 2026 година, и покрај забавената економија на земјата и напорите на Пекинг да ја намали класната нееднаквост, се вели во извештајот објавен од инвестициската банка Credit Suisse.

Вкупното богатство на кинеските домаќинства достигна 85,1 трилиони долари во 2021 година, што е за 15,1 отсто или 11,2 трилиони повеќе отколку во 2020 година, пишува Ројтерс.

Напорите на Пекинг кон „заеднички просперитет“ се повеќе се претставени во официјалната реторика во последниве години, а мерките воведени против технолошката индустрија и приватното образование ја разнишаа довербата на инвеститорите.

Минатата година Кина имаше околу 6,2 милиони милионери, што е за еден милион повеќе отколку во 2020 година. Бројот на милионери на глобално ниво во истиот период е зголемен за 5,2 милиони. Се очекува дека во рок од пет години милионерите во втората светска економија ќе брои 12,2 милиони, се вели во извештајот.

Вкупниот раст на богатството на домаќинствата во текот на изминатата година се зголеми за 12,7 отсто, што е најбрзиот годишен раст забележан досега, но изгледите за понатамошен раст се сè попесимистички поради зголемената финансиска и геополитичка нестабилност.

На крајот на 2021 година, вкупното богатство на домаќинствата изнесуваше 463,6 трилиони долари, во голем дел поттикнато од силниот раст на финансиските средства, што ја прави класната нееднаквост уште поголема.

Соединетите држави, Кина и Канада го водеа патот во зголемувањето на богатството на домаќинствата, при што САД забележаа раст од 19,5 трилиони долари, а Канада од 1,8 трилиони долари.