Купувањето на апартман се смета како инвестиција за која може да се добие црногорски пасош врз основа на црногорскиот владин проект за економско државјанство.
Ова се однесува на купување на апартмани во кондо хотел или хотел којшто е со мешовит модел на работење, а кои се на листата на развојни проекти.
Кондо хотел познат и како кондотел, хотелски кондо е зграда која е кондоминиум, но се управува како хотел, односно апартмани кои инвеститорите ги продаваат, а овие посоцна може да ги изнајмуваат.
Цргорската агенција за промоција на инвестиции која соопшти дека на листата развојни проекти во областа на туризмот се наоѓаат седум хотели за чијашто изградба владата дала зелено светло. Од нив четири се по принцип со кондо модел, а три се се со мешовито работење. Овие објекти ќе се градат во Колашин, Тиват и Жабјак.
“Црногорското државјанство може да се стекне со инвестирање во проект за развој во областа на туризмот, кој вклучува изградба на хотел / мешан комплекс, а со тоа и изградба на хотел според кондомоделот. Апликантот за државјанство индивидуално одлучува кој од проектите од списокот на развој проектите во туризмот ќе ги вложат своите пари “, се наведува во Агенцијата за промоција на инвестициите.
Фото: Pixabay











