До зголемен профит, со софтвер за управување со човечки ресурси (2)

106

ДО ПОГОЛЕМ ПРОФИТ СО АРАХНА ВО 5 ЧЕКОРИ:

I: Користете ја АРАХНА како сервис со месечна претплата

II: Задржете ги добрите вработени.

III: Планирајте го развојот на капацитети.

IV: Автоматизирајте го и олеснете системот на регрутација

V: Ослободете го тимот за ЧР од “мануелна работа“, дајте им алатка за менаџирање

Продолжување на првиот дел

Трет чекор кон поголем профит: Планиран развој на капацитети.

Дефинирајте ја прецизно Организационата структура на компанијата

Организационата структура на компанијата значи точна дефиниција на Секторите, Одделенијата, Единиците, се до ниво на Работно место.

Точната припадност на пример на некое одделение во организационата структура, како и дефиницијата на работните места кои се предвидуваат во тоа Одделение, овозможува анализа на перформансите на сите нивоа.

Извештајот кој можете да го добиете со Арахна за пополнетост на работните места, односно колку работни места треба да се пополнат, Ви дава податок за планирање на буџет за плата и едукација за нареден период. Важен податок кој ќе Ве донесе до одлука дали ќе објавите оглас за сите или дел од непополнетите работни места.

Сличен преглед ќе Ви помогне да донесете одлука дали да отворите нова канцеларија во Битола на пример.

Планот за едукација, сертифицирање на вработените и план за нивни развој и напредок, сметаме дека треба да се дефинира како концепт според организационата структура.

Со АРАХНА Планот за едукација и развој секогаш е транспарентно презентиран, како во функционалностите на страната на HR Back Office модулот, така и на страната на секој вработен лично, при приостапот преку HR Portalot на својот профил. Секој може да види кои обуки или сертификати мора да ги има има за неговото работно место.

Четврти чекор кон поголем профит: Автоматизирајте го и олеснете системот на регрутација

Компетенциите кои сте ги дефинирале дека се потребни за определено работно место, со Арахна се транспарентни.

Во АРАХНА им се нуди можност на вработените во ЧР за креирање на on–line огласна табла, на која сами објавуваат содржини или ги менуваат зависно од тоа дали се актуелни. Пристапот до “on-line огласната табла“ преку HR Portalot го има секој  вработен.

Замислете дека информацијата за отворена работна позиција најпрвин ќе ја споделите на „on-line огласната табла“, па секој од вработените може сам да оцени дали ги исполнува потребните компетенции.

Секогаш е поефтино да го ангажирате Вашиот вработен на нова, повисока позиција, отколку да ангажирате нов човек од надвор, кој треба да помине низ цел процес на регрутација и тренинг, кој никогаш не е ефтин.

Заштедата која ќе ја остварите поради намален трошок за едукација, директно ќе Ви влијае на профитот.

Петти чекор кон поголем профит: Ослободете го тимот за ЧР од “мануелна работа“, дајте им алатка за менаџирање

Со максимална автоматизација на определени процеси кои обично во секторот за ЧР одземаат најмногу време, ќе можете едноставно да очекувате од тимот за ЧР да се занимава со креативниот дел од нивната работа, како подобрување на условите за работа, планирање на тим билдинг активности, мониторирање на задоволството на вработените, креирање на чести евалуациони прашалници и спроведување на дејствија соодветни на добиените резултати.

Дел од процесите во Службата за ЧР кои одземаат најмногу време, а кои ние со АРАХНА ги автоматизиравме се:

Комплетен менаџмент на отсуства – преку HR Portal секој вработен може да побара отсуство од било кој тип (годишен одмор, отсуство поради раѓање на дете, свадба или сл). Калкулацијата на слободни денови од Годишен одмор се прави по сложени алгоритми кои се базираат на предкалкулирани вкупен број денови за ГО за секој вработен согласно на колективниот договор, број на претходно искористени денови, неработни денови – државни, верски, национални празници. Секој менаџер ги одобрува или одбива отсуство на своите вработени преку Календарот на отсуства до кој има пристап преку HR Portalot.

Само одобрените отсуства одат во Службата за ЧР, каде е можно нивно масовно печатење на еден клик.

Креирање на решенија за Вработување – со АРАХНА, ќе добиете имплементирани до 10 различни терка на решенија и тоа соодветно, на пример решение за работа на определено или неопределено време, решение за престан или решение за прераспоредување на нова работна позиција.  Вработените од ЧР, ќе заборават на мачниот процес на вадење на досиеја и пополнување на лични податоци во терк во Word.

Евалуациони прашалници – За различни цели и во различен период, вработените треба да се оценуваат. Арахна дозволува тимот за ЧР да активира и деактивира прашалници, но и да ги доделува на определени сектори и одделенија. Пополнување на прашалниците е можно on-line преку Арахна, но и за анонимните прашалници можно е нивно печатење и дистрибуција во тој облик.

Резултатите од on-line прашалниците секогаш се лесно достапни за анализи и планирање на следни дејствија.

Потсетници и Извештаи –  Во АРАХНА постојат имплементирани потсетници за истек на договори, потсетници за обновување на обуки, пристап до ad-hoc reporting за добивање на аналитички податоци  и параметри со кои сите податоци внесени во системот им се дадени на располагање за креирање на сложени филтри за приказ на податоци (на пример: сите вработени жени помлади од 30 години, со поздавање на германски јазик и завршено определена обука).