Доаѓа нов Mitsubishi Pajero Mini?

49

Според некои гласини од Јапонија, Mitsubishi наводно размислува за нов Pajero Mini, со цел да преземе дел од клиентите на глобално популарниот модел на Suzuki – Jimny.

Според јапонскиот Best Car Web, новиот Mitsubishi Pajero Mini наводно ќе биде резултат на соработка помеѓу Nissan и Mitsubishi, со електрификација и S-AWC 4WD погон обезбедени за овој мал теренец.

Новото возило би можело да биде претставено веќе следната година, а неговото лансирање на пазарот на почетокот на 2024 година.

Се вели дека новиот модел е инспириран од претходната верзија, која беше цврсто и практично помало 4х4 возило.

Бидејќи беше споменато дека електрификацијата ќе биде вклучена во погонските опции, тоа сугерира дека во понудата би можела да биде вклучена и целосно електрична верзија.

Информациите велат дека Mitsubishi ќе биде задолжен за дизајнот и инженерството, а Nissan ќе го персонализира возилото за подобро да одговара на вкусовите на нивните клиенти.