Доаѓаат Кинезите: До 2030 година сериозно ќе ја загрозат европската автомобилска индустрија!

44

Според аналитичарите на најголемата швајцарска банка UBS Group AG, западните производители на автомобили ќе загубат една петтина од уделот на глобалниот пазар поради растот на продажбата на кинески електрични возила, кои се поевтини за производство. На крајот, овие возила се поевтини и во салоните, а тоа ќе има влијание и на клиентите. Предводени од BYD, кинеските производители на автомобили речиси ќе го удвојат својот удел на светскиот пазар на автомобили до 33% до крајот на деценијата, напишаа аналитичарите на UBS, Патрик Хумел и Пола Гонг во извештајот од 31 август.

Извештајот го објави Блумберг, а во него особено се нагласува дека европските производители како Фолксваген и Рено ќе бидат изложени на ризик, бидејќи ќе мора да се борат со агресивната конкуренција.

Како причина за растот на кинеските марки главно се наведува цената на автомобилот, која е пониска и до 10.000 евра во споредба со слични електрични автомобили од европски или американски производители.