Добивка од 1,2 милијарди денари за Цементарница Усје

71

usjeЦементарница Усје оствари нето добивка во вредност од 1.248.733.000 денари за девет месеци, покажуваат податоците во билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата оствари добивка од 1.101.990.000 денари.

За девет месеци од оваа година, Усје евидентираше приходите од продажба во висина од 3.041.478.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 2.245.066.000 денари, додека остатокот од 796.412.000 денари на странски пазари.