Добивка од 1,3 милиони денари за Факом заклучно септември оваа година

62

Компанијата Факом прикажа вкупна сеопфатна добивка од 1.356.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата оствари добивка од 34.194.000 денари.

“Во периодот од 01.01. – 30.09.2019 година, компанијата оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.355.656 денари, наспроти добивката за истиот период од 2018 година којашто изнесуваше 34.193.621 денари. Намалувањето се должи на намалениот обем на работа каде што оперативните приходи се намалени за -33% во однос на истиот период“, стои во Образложението кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, изнесуваат 753.410.000 денари. Поголемиот дел од 520.144.000 денари е остварен на странски пазари, додека остатокот од 233.266.000 денари е реализиран на домашен пазар.

Фото: Pixabay