Добивка од 1,5 милијарди денари за Усје во 2020 година

78

Цементарница Усје минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 1.539.000.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата прикажа добивка од 1.284.676.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември минатата година, изнесуваа 4.842.659.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 3.239.818.000 денари, додека на странски пазари отпаѓа остатокот од 1.602.841.000 денари.

“Во услови на криза со пандемијата Ковид-19, секторот за готов бетон и агрегати и годинава успеа да генерира солидна ЕБИТДА, што е многу значајно затоа што се генерира во услови на исклучително голема конкуренција. Продажбата на готов бетон беше приближно иста како и претходната година или околу 3,1% помалку во споредба со количините од минатата година и во однос на предвидените количини, продажбата се намали за 14,6%. Продажбата на агрегати од трети страни е значително намалена во споредба со претходната година и во однос на буџетите, за околу 54%“, стои во Образложението кон остварениот резултат.