Добивка од 106 милиони денари за Македонијатурист во 2019-та година

161

Македонијатурист, во периодот јануари – декември лани, евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 106.108.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на 2018-та година, компанијата прикажа добивка од 112.064.000 денари.

“Друштвото со своето работење во 12-те месеци од 2019-та година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности, оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 107,23 милиони денари, којашто е за 12,56% помала во однос на истиот период од претходната 2018-та година или нето добивка од 106,11 милиони денари, којашто е за 5,32% помала од истиот период во минатата година“, стои во Коментарот кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември 2019-та година, изнесуваа 312.084.000 денари, додека една година претходно изнесуваа 323.724.000 денари.

“Вкупните приходи за 2019-та година изнесува 367,70 милиони денари и се остварени со 97,83% во однос на истиот период од претходната година, односно истите се за 2,17% помали во споредба со 12-те месеци од претходната 2018-та година“, стои во Коментарот.

Македонијатурист во текот на 2019-та година, како што се наведува, направи нови вложувања во износ од 76.621.293 денари во градежните објекти и земјиште, како и износ од 20.093.782 денари за набавка на нова опрема и во одржување на постојната опрема во своите објекти, како и 312.427 денари за одржување на постојниот софтвер.

Инаку, Македонијатурист е компанија којашто работи со хотели и ресторани, како и во туристичката дејност. Компанијата работи со пет хотели: Холидеј Ин, Супериор, Бест Вестерн, Хотел Турист, Хотел Карпош, Хотел Белви и Хотел Водно.

Фото: Pexels