Добивка од 11,4 милиони денари за Фабрика Карпош заклучно со септември

43

fabrika-karpos

Фабрика Карпош, од први јануари до 30-ти септември оваа година, евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 11.441.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 54.305.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, на крајот на септември оваа година, достигнаа ниво од 357.178.000 денари, додека една година претходно имаа вредност од 507.831.000 денари.

Основна дејност на Фабрика Карпош е проектирање, производство и монтажа на бетонски полуфабрикати, станови, индустриски објекти, мостови и далноводи.