Добивка од 110,8 милиони денари за цементарница Усје во првиот квартал

16

cementarnica-usje-580x399

Цементарница Усје во првото тримесечје од 2017 година оствари 110.848.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот од јануари до март лани, компанијата прикажа добивка од 171.073.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви март 2017 година, беа на ниво од 724.531.000 денари. На домашен пазар беа реализирани 502.963.000 денари, додека остатокот од 221.568.000 денари се остварени на пазари во странство.

Основна дејност на Усје е производство на цемент и други градежни материјали.