Добивка од 112 милиони денари за Македонијатурист во 2018 година

37

Минатата 2018 година за Македонијатурист заврши со добивка од 112.064.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на 2017 година, добивката на компанијата беше на ниво од 109.948.000 денари.

“Друштвото со своето работење во 12-те месеци од 2018 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 122,06 милиони денари, којашто е за 2,41% поголема во однос на истиот период од претходната 2017 година или нето добивка 112,06 милиони денари, којашто е за 1,92% поголема од истиот период во минатата година“, стои во Коментарот на билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2018 година, изнесуваат 323.724.000 денари, додека една година претходно имаа вредност од 307.793.000 денари.