Винарската визба Попова кула, во перидот јануари – декември лани, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 115.000 денари, стои во билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Една година претходно, добивката на компанијата изнесуваше 51.000 денари.
Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви декември 2018 година, достигнаа 46.802.000 денари, а една година претходно беа на ниво од 46.965.000 денари.