Добивка од 12,2 милиони денари за Грозд од Струмица во првото тримесечје

22

grozd-strumica

Компанијата Грозд од Струмица, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 12.297.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата прикажа добивка од 11.309.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од оваа година беа на ниво од 38.089.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 34.703.000 денари, додека остатокот од 3.386.000 денари се остварени на пазари во странство.

Грозд од Струмица е компанија што се занимава со производство и трговија на алкохолни и безалкохолни пијалаци.