Добивка од 130,2 милиони денари за Мермерен комбинат од Прилеп за девет месеци

61

mermer

Мермерен комбинат Прилеп од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 130.218.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани компанијата прикажа 266.308.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба во текот на деветте месеци од оваа година изнесуваа 666.111.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 35.859.000 денари, додека извозот имаше вредност од 630.252.000 денари.

Приоритетна дејност на компанијата е вадење декоративен камен и камен за градежништво, варовник, суров гипс, креда и шкрилци.