Добивка од 135,7 милиони денари за Македонијатурист во 2015 година

53

makedonija-turist-580x162

Македонијатурист оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 135.758.000 денари во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година, покажува неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на 2014 година, компанијата прикажа добивка од 151.083.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година достигнаа ниво од 367.650.000 денари, додека една година претходно оваа сметка имаше салдо од 369.521.000 денари.