Добивка од 17,2 милиони денари за Агроплод од Ресен

17

agroplod

Агроплод од Ресен во билансот на успех за 2015 година, објавен на Македонска берза, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 17.208.000 денари.

На крајот на 2014 година, компанијата оствари загуба од 13.885.000 денари.

Оперативните приходи на компанијата во 2015 година беа на ниво до 24.122.000 денари, од кои на приходи од продажба отпаѓаат 5.135.000 денари.

Основна дејност на компанијата, според податоците на Македонска берза, е одгледување на јаболчесто и коскесто овошје, како и угостителство и туризам.