Добивка од 17,9 милиони денари за РЖ Техничка контрола во 2018 година

17

РЖ Техничка контрола во текот на минатата година работеше со добивка од 17.958.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2017 година, компанијата прикажа добивка од 14.169.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2018 година, достигнаа ниво од 97.612.000 денари. Поголемиот дел од 97.562.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 50.000 денари е остварен на пазари во странство.