Добивка од 2,2 милијарди денари за Стопанска банка

26

stopanska-banka

Добивка од 2.239.653.000 денари за Стопанска банка во пресметковниот период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, банката оствари добивка во висина од 1.916.699.000 денари.

Заклучно со 31-ви декември, нето приходите од камати достигнаа вредност од 3.637.117.000 денари, додека една година претходно изнесуваа 3.370.689.000 денари.

Нето приходите од провизии и надоместоци, на крајот на 2016 година, имаа салдо од 951.615.000 денари, додека на крајот на 2015 година, вредноста им беше 935.101.000 денари.