Добивка од 2,8 милиони денари за Благој Ѓорев од Велес

14

blagoj-gorev-123-580x251

Прехранбената индустрија Благој Ѓорев од Велес, од први јануари до 30-ти септември оваа година, работеше со добивка од 2.822.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од 2015-та година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка од 3.591.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2016-та имаа вредност од 465.277.000 денари. На домашен пазар отпаѓа поголемиот дел од 418.712.000 денари, додека преку извоз се остварени 46.565.000 денари.