Добивка од 2,9 милиони денари за Бетон во првиот квартал од оваа година

49

beton-dg1

Друштвото за градежништво Бетон од Скопје, во период од 01.01. до 31.03.2017 година, оствари добивка од 2.906.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата оствари вкупна сеопфатна добивка од 20.694.000 денари.

Заклучно со крајот на март оваа година, вкупните приходи од продажба изнесуваа 231.765.000 денари, а истиот период во 2016 година беа на ниво од 444.288.000 денари.

Основна дејност на Бетон е истражување, проектирање, изградба и надзор на станбени и деловни згради, како и на индустриски и јавни објекти.