Добивка од 203,8 милиони денари за Гранит во првото полугодие

42

granit

Градежната компанија Гранит од Скопје, од први јануари до 30-ти јуни оваа година, прокнижи вкупна сеопфатна добивка од 203.832.000 денари, покажува неревидираниот и консолидиран биланс на успех.

Истиот период ланската година, добивката на компанијата беше на ниво од 200.425.000 денари.

Гранит во пресметковниот период прикажа вкупни приходи од продажба во висина од 2.305.012.000 денари. На домашен пазар реализацијата имаше вредност од 2.243.652.000 денари, додека на пазари во странство достигна вредност од 61.360.000 денари.

ГД Гранит е градежна компанија чија основна дејност е проектирање, изградба и надзор во градежништвото.