Добивка од 22,6 милиони денари за БИМ од Свети Николе во првото полугодие

19

bim-sveti-nikole-580x266

Компанијата БИМ од Свети Николе во текот на првите шест месеци од оваа година евидентираше вкупна сеопфатна добивка во вредност од 22.638.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – јуни минатата година, компанијата прикажа 15.387.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба изнесуваат 171.819.000 денари. На домашен пазар, од тој износ отпаѓаат 117.946.000 денари, додека на пазари во странство направена е реализација од 53.873.000 денари.

Главна дејност на компанијата е производство на материјали за хидроизолација на база битумен.