Добивка од 231.000 денари за Единство во првите шест месеци

18

edinstvo strumica

Акционерското друштво Единство во првото полугодие од 2016 година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 231.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од 2015 година, компанијата оствари добивка од 251.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на шесте месеци од оваа година изнесуваа 37.314.000 денари. На домашен пазар се реализирани само 418.000 денари, додека поголемиот дел од 36.895.000 денари е остварен на странски пазари.