Добивка од 24,1 милиони денари за Грозд од Струмица во првото полугодие

23

grozd-strumica-since-1953

Компанијата за производство и трговија на алкохолни и безалкохолни пијалаци, Грозд од Струмица, во првите шест месеци од 2017 година оствари добивка во износ од 24.155.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од минатата година, компанијата евидентираше добивка од 25.909.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – јуни изнесуваат 86.818.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се остварени 76.498.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 10.320.000 денари.