Добивка од 26,4 милиони денари за Хотели Метропол во 2015 година

131

metropol hotel ohrid

Вкупна сеопфатна добивка од 26.456.000 денари за Хотели Метропол Охрид, покажа неконсолидираниот биланс на успех за 2015 година објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата прикажа добивка од 31.907.000 денари.

“Приходи од работењето на Хотели Метропол за 2015 година изнесуваат 159.309.000 денари и истите гледано споредбено со 2014 година се на исто ниво. Од овој приход на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 157.192.000 денари, што покажува пораст за 2% во однос на 2% во однос на 2014 година, додека останатите приходи во износ од 2.117.000 денари се помали во однос на истите од минатата година. Финансиските приходи се зголемени во однос на 2014 година и изнесуваат 3.707.000 денари“, стои во Образложението за финансиски резултати.